еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украинците на окупираните територии од Русија присилени да земаат руски пасоши

Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се принудени да земат руско државјанство или ќе се соочат со остри одмазди, вклучително и можна депортација или притвор, се наведува во истражувањето на Универзитетот Јеил објавена денеска, кое беше спроведено со поддршка на американската Влада.

Во истражувањето се наведува дека, како дел од планот на Москва за „воспоставување моќ над Украинците“, жителите на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје се цел на „систематски напори да им се одземе украинскиот идентитет“, пренесуваат британските медиуми.

Серија декрети потпишани од рускиот претседател Владимир Путин ги принудуваат Украинците да добиваат руски пасоши, што е кршење на меѓународното хуманитарно право, се наведува во извештајот.

Украинците на окупираната територија кои не бараат руско државјанство „се подложени на закани, заплашувања, ограничувања на хуманитарната помош и основните потреби, како и можни притвори или депортации, а сето тоа има за цел да ги принуди да станат руски државјани“, се наведва во извештајот на универзитетот.

-Загрижувачко е тоа дека во основа станува збор за прекршување на Хашките и Женевските конвенции. Таа акција е многу распространета. Украинците во областите контролирани од Русија немаат друг избор освен да прифатат руски пасош доколку сакаат да преживеат или се соочат со потенцијален притвор и, како што истражувачкиот тим документираше, со депортација во Русија, рече извршниот директор на истражувањето Натаниел Рејмонд, додавајќи дека целата одговорност е на Кремљ и Путин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каква мака треба да имаш за да го чекаш министерот за здравство пред врата, за да те примат на Клиника

Силвана Жежова

„Катимерини“: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа

Редакција

Монти Пајтон со предметите на СЈО за Миле Јанакиески

Редакција