еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Движење за слободни плажи се шири низ Грција, се бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите

Граѓанското движење за слободни плажи, кое започна од островот Парос, брзо се прошири и на други грчки острови и бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите и поголем слободен простор за граѓаните, донесе владина одлука за интензивирање на контролите на плажите, но и отстранување од плажи на три бизниси на Парос, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за национална економија и финансии на Грција, Костис Хаѕидакис издал наредба за интензивирање на инспекциите на плажите, или по службена должност или по претставки од граѓаните, за да се обезбеди почитување на одредбите предвидени со договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции.

Според надлежното Министерство за време на инспекциите спроведени од 21 до 24 јули на островот Парос, по поднесените претставки од граѓаните за две плажи, биле констатирани значителни прекршоци и веднаш биле издадени протоколи за отстранување на три бизниси од конкретните плажи.

Хаѕидакис истакна дека нивната цел е да се почитуваат законите и потпишаните договори за плажите доделени од државата.

-Оние кои не ја почитуваат содржината на соодветните договори нека знаат дека никого нема да поштедиме, порача министерот за национална економија и финансии на Грција.

МИА/Видео: Протетема

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен

Редакција

Заев образложи зошто ќе биде и министер за финансии, Тевдовски веројатно останува советник

Редакција

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на прием кај британскиот премиер Борис Џонсон

Редакција