еМагазин
Image default
Бизнис

Битолски Транскоп лани со добивка и зголемени приходи

Транскоп АД Битола за периодот 01.01.2022 – 31.12.2022 година оствари оперативна добивка во износ од 6,467 илјади денари искажани во неревидираниот Биланс на успех, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи од работењето изнесуваат 104,258 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период од 2021 година бележат пораст од 52,562%.

Оперативните приходи во износ од 102,221 илјади денари учествуваат со 98,046% во вкупниот приход, а од оперативните приходи најголемо учество имаат приходите остварени од основните дејности на Друштвото во износ 100,225 илјади денари.

Финансиските приходи учествуваат со 1,954% во вкупните приходи и истите бележат раст во споредба со 2021.

Вкупните расходи во износ од 96,883 илјади денари бележат раст од 42,980% во однос на вкупните расходи во 2021 година.

Оперативните расходи во износ од  95,754 илјади денари бележат пораст од 48,164 % во однос на 2021 година.

Најголемо учество во оперативните расходи имаат трошоците за гориво и резервни делови во износ од 40,154 илјади денари кои бележат раст од 88,454% во однос на 2021 година.

Друштвото за деловната година искажа добивка во износ од 7,375 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Транскоп од Битола со добивка во првите девет месеци

Битолски „Транскоп“ почна да сообраќа на линија Битола-Скопје-Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кои банки ќе ги издаваат новите платежни картички за домашни производи?

Редакција

Собранието за патни расходи потрошило 735.000 евра во 2019 година

Редакција

ЈП „Улици и патишта“ Скопје со добивка од 28,8 милиони денари

Редакција