Демократското движење денеска во Скопје го одржа основачкото собрание на кое за негов преседател едногласно беше избран Изет Меџити.
Меџити пред присутните истакна дека првичната мисија на Демократското движење е да го обедини искуството од минатото со волјата на иднината.
-Не со политичка теорија, туку со искористување на искуствата оставени настрана и покрај искуствата и подготвеноста на возраста како и со ангажирање и поттикнување на младите луѓе со образование, знаење, стручност и енергии кои не се користат ни одблиску доволно. Искуството на возраста ја облагодарува волјата на младоста, посочи тој.
Информира дека ќе дејствуваат опозициски.
-Во историјата на Македонија може да биде единствен или редок случај кога за убедување ги оставивме позициите, заменик министер, директори, државни секретари, ја плативме цената заради нашите убедувања и тоа треба да се цени. Значи ние ова го правиме за декмокрартските процеси, да придонесиме за поголема демократија во Македонија и од позиција на власт преминавме во опозиција, истакна Меџити.
Рече дека нивната битка за зачленување во ЕУ подразбира поинакви жртвувања.
-Доживеавме војни против нас. Ги надминавме обидите за предизвикување конфликти во нашите, сега е редот да се бориме против нашите недостатоци, против ситните огорчености, кланизмот и непотизмот, пред се против себичноста што не спречува да разбереме и прифатиме дека успехот на секој од нас е придобивка за нас.
Затоа Демократското движење смета дека не е доволно про-ЕУ вербализмот, репродукција на закони без почитување на правниот дух на ЕУ, зависност од бирократијата на ЕУ без прифаќање и спроведуавње на европските вредности, стандарди, критериуми и искуства кои и претходеа на создавањето на ЕУ. Не е доволно да бидеме про-ЕУ ако не се однесуваме како што сме и како што од нас бараат да станеме – Европејци во себе и Европејци во другите, изјави Меџити.
МИА/Фото: Фејсбук/Меџити