еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата донесе одлука за основање на државен студентски дом во Тетово

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово кој ќе има капацитет од 300 легла.

Како што информира владината прес-служба, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на новиот студентски дом во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.

– Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење, наведува прес-службата на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силувана штитеничка од Домот за деца со социјални проблеми

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.119 болни од Ковид-19

Редакција

За Мерко има шест активни предмети во Обвинителството, реагирале финансовата полиција, адвокати, невладини…

Редакција