еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пензиите ќе се исплаќаат на почетокот на месецот

Со исплатата на пензијата за август се враќа редовниот начин на исплата место предвремената исплата на пензијата, која беше воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од коронавирусот.

– Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на први во месецот, директно од буџетот на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Од МТСП потсетуваат дека за време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи. Тоа беше дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група.

Целта, како што се наведува, беше да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ист Гејт мол“ се отвара на 29 октомври

Редакција

Проверете што може да носете при влез и излез од Македонија

Редакција

Прифатени три, од четирите кандидатури за претседател на СДСМ: Кој влезе во „трката“, кој отпадна?

Редакција