еМагазин
Image default
Спорт

Балканско и државно првенство во полумаратон на позната трка Трчај бе

На култната битолската трка Трчај бе со Алпско доаѓа една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчес и финалист на последното Светско првенство, Луиза Гега од Албанија.

Таа ќе биде претставник на својата земја на Балканското првенство во полумаратон, Битола 2023.  Нејзини позначајни резултати во кариерата се:  прво место на Европското првенство во Минхен 2022 година, второ место на Европското првенство во Амстердам 2016 година, осмо место на Светското првенство во Будимпешта 2023 година и уште многу, многу други признанија.

В недела, се очекуваат уште триесеттина атлетичари од балканските земји и над 1.700 пријавени учесници на трките на 5, 10, 21 километар, а организаторот од утре има и бројни пратечки активности кои во градот под Пелистер ќе направат овој викенд да биде од петти пат празник на трчањето.

Сите хотелски капацитети се резервирани од учесници на трката кои доаѓаат од други македонски градови, бројни компании имаат пријавени свои тимови за трчање на Трчај бе, а по аналитиката пријавени се и рекреативци и врвни атлетичари од четириесет земји од светот.

Ова првенство Трчај бе го организира со Атлетската федерација на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТРЧАЈ БЕ – голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди и Балканско првенство во полумаратон

Редакција

Заврши првата половина од сезоната на Бизнис 3х3 Баскет

Редакција

(Видео) Пандев му го подари дресот на Џамбо Агушев и славеше со неговиот оркестар

Редакција