еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лидл сака логистичкиот центар да му биде во Куманово, понуди 5,3 милиони евра за земјиште

На јавното наддавање по пат на електронска аукција за отуѓување на градежно земјиште со намена Г4-стоваришта и складови на локацијата во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре, м.в. Новине и м.в.Речица, во Општина Куманово, се пријавиле три компании, информираат од Општина Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде регионален, не само за Македонија

-Најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ Лидл Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје.

Најповолната понуда изнесува 1.906 денари за 1 м2, или вкупно за 170.996 м2 (17 ха), и истата изнесува 325.920.015 денари (5,3 милиони евра).

Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна, велат од Општината.

За влезот на германскиот трговски синиџир Лидл во Македонија преку бугарската ќерка фирма се зборува со години, а компанијата веќе гради маркет во Битола, а има најави и за Скопје и Кавадарци.

Од компанијата периодов нема никакви официјални информации и покрај фактот што влегувањето на Лидл е честа тема во македонските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамстор и Лидл ќе отвараат маркети во Кавадарци

(Фото) На 3. август Лидл почнува со градба на маркет во Битола

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза лани

Редакција

(ВИДЕО) Американски знамиња, песни и ора: Како Косоварите го прославија формирањето на војска на Косово

Редакција

Во штипските конфекции досега регистрирани 55 лица позитивни на корона вирусот

Редакција