еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Германската компанија „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2

Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места.

Договорот за инвестицијата денеска во Франкфурт го потпишаа извршниот директор и основач на „БМЗ”, Свен Бауер и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.

Во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје, ќе се врши сериско производство на батериски производи.

Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Изградбата на фабриката е планирано да започне кон крајот на годинава и да заврши најдоцна за 24 месеци.

За потребите на инвестицискиот проект ќе се работи во најсовремена фабрика во ТИРЗ Скопје 2, организирана во три модули за производство и администрација со вкупна површина од 12.000 метри квадратни плус логистички центар.

Просечната бруто плата се очекува да достигне до 1.200 евра месечно.

Групацијата БМЗ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Седиштето на BMZ Holding GmbH е во Карлштајн на Мајна.

Производствените капацитети на групацијата се лоцирани во Германија, Кина, Полска и САД, а има отворено претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.

Во 2022 година во БМЗ, со 20 проценти удел влегува Сузане Клатен, ќерка на сопствениците на БМВ, каде таа има 12,5 проценти акции. Клатен се смета за најбогата жена во Германија и е меѓу 50 најбогати во светот.

Компанијата БМЗ реализира повеќе од 100 проекти годишно. Приходите на групацијата БМЗ во 2021 година изнесуваат 411 милиони евра, а планираните приходи од склучени договори за следните 2 години се проценети во вредност од повеќе од 500 милиони евра.

Во моментов компанијата има повеќе од 2.000 клиенти со кој соработува и има контиуниран пораст на пазарниот удел секоја година.

МИА/Фото: Деспотовски/Фејсбук/БМЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ

Редакција

Уште една компанија треба да плати солидарен данок, кај осум се спровела присилна наплата

Редакција

Радев до Мицотакис: Договорите на Македонија со Грција и Бугарија да станат дел од преговарачката рамка

Редакција