еМагазин
Image default
Балкан

Во Србија од почетокот на годинава 12 лица го промениле полот, а уште 10 чекаат операција

Од почетокот на годинава 12 лица во Србија направиле хируршка промена на полот на сметка на здравственото осигурување, а уште 10 чекаат операција, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Србија во моментов не е можно административно да се изврши промена на полот само врз основа на декларација, како во Белгија, Шпанија, Ирска, Луксембург и Данска, и за тоа е неопходна операција, пишуваат „Новости“.

Мирослав Ѓорѓевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Белград, кој е хирург во областа на промената на полот, за овој весник вели дека во Србија самиот процес на промена на полот трае од две до две и пол години.

Тој објасни дека евалуацијата на пациентите кај психијатри трае меѓу една и две години, а потоа пациентот го започнува „вистинскиот живот“ на полот кон кој цели со користење на хормонска терапија.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По излегувањето на Трифонов, Бугарија пред нова, малцинска влада или предвремени избори

Редакција

Од Атина за Солун тргна првиот патнички воз, 34 дена по железничката несреќа

Редакција

Македонско сценарио ја тресе Албанија: Објавени прислушувани разговори меѓу Еди Рама и мафијата

Редакција