еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Приштина му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик

Косовските власти му забранија на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј во пресрет на Божик да дојде во Пеќката патријаршија, јави дописникот на МИА од Белград.

Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот Порфириј ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои најмалку 1.500 години во континуитет живеат во Косово на земјата на своите предци“.

– Патријархот Порфириј не се откажува од намерата да отслужи божествена служба во Пеќката патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена, соопшти неговиот Кабинет.

Српскиот патријарх додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците во Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Политико“: Бугарската тактика на изживување врз Македонија ефикасна за подземјето во Софија, но неприфатлива за ЕУ

Редакција

До 31 август продолжена забраната за влез во Грција за државјани на трети земји

Редакција

Рекордни 51 починати од Ковид-19, вкупно 4.072

Редакција