еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицајците на Блаце му „дозволиле“ да избега на албански државјанин баран поради лажен македонски пасош, објави КОД

КОД, кој се емитува на телевизијата Телма објави дека двајцата гранични полицајци на преминот Блаце го задржале, но го пуштиле да избега Сокол Бибај, албански државјанин со потерница поради поседување на лажен македонски пасош со украден идентитет.

Според КОД, Бибај имал пасош со име Андон Папи, којшто е откриен во рамките на истрагата “Двојник“ за 215 лажни македонски пасоши, од кои голем дел завршиле кај белосветски криминалци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицајци на Блаце пуштиле албански државјани да преминат на Косово, иако имало телеграма за нивно задржување

Според КОД, на преминот Блаце во време на чудното бегство на Бибај имало и висок полициски функционер.

Истрагата за случајот, како што информираа неодамна од МВР, е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски пасош имале и убиените членови на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина и нивниот ликвидатор

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Целосна забрана за работа на кафетерии, барови, клубови, казина и обложувалници

Редакција

Само во Македонија: Градинка во Скопје згрижувала деца и покрај заканата од корона вирусот

Редакција

Годишен раст од 4,3% на вкупните депозити и од 10,1% на вкупната кредитна поддршка

Редакција