еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Градинка во Скопје згрижувала деца и покрај заканата од корона вирусот

СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик, информира МВР.

„На 16.07.2020 околу 10.30 часот, по претходна добиена пријава од граѓанин дека градинката работи и згрижува деца, полициски службеници од ЕВР Карпош излегле на местото, при што било утврдено дека детската градинка работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н.“, соопшти МВР.

Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд.

Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починати 15 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата

Редакција

(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје

Редакција