еМагазин
Image default
Македонија

Ципрас до Заев за победата на изборите: Благодарение на твоите напори, пораката на прогресивните сили стана уште посилна

Благодарение на твоите напори, пораката на прогресивните сили стана уште посилна, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во честитката, преку „Твитер“ до Зоран Заев, додека пак од секторот за меѓународни и европски прашања во грчката опозициска партија, коментираат дека победата на СДСМ е „уште една оптимистичка порака за иднината на регионот“, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас му честиташе на Заев преку „Твитер“, додека пак од СИРИЗА, преку соопштение ја коментираа победата на СДСМ.

-Честитки Зоран Заев. Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за општествена правда и мир во нашиот регион, денес стана посилна. Порака не само за Балканот, туку за цела Европа, напиша поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас на „Твитер“.

Од СИРИЗА соопштенија дека победата на Социјалдемократската партија на Зоран Заев на парламентарните избори во Северна Македонија е уште една оптимистичка порака за иднината на поширокиот регион, по онаа од историскиот Договор од Преспа.

„Претставува победа на напредокот, мирот, соработката и помирувањето, не само во Северна Македонија, туку и на Балканот во целина,“ соопштуваат од СИРИЗА.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 253 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Маја Морачанин кандидат за пратеник од ДОМ

Редакција

Свиркачите Лазаревски и Костовски вратени на работа во МВР

Редакција