еМагазин
Image default
Македонија

До 11 часот никој не поднел приговори до ДИК

До Државната изборна комисија (ДИК) до 11 часот нема поднесени приговори од политичките партии и коалиции кои учествуваа на изборите во средата иако роковите започнаа да течат синоќа кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање додека до сабота навечер околу 19 часот и 30 минути истекува рокот за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори.

ДИК со задоцнување вчера ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите поради, како што изјави претседателот, хакерски напад на веб-страната на Комисијата.

Предвремените парламентарни избори се одржаа под посебни услови поради пандемијата со Ковид -19. Се гласаше во понеделникот кога се изјаснуваа лицата со Ковид -19 и во самоизолација, во вторникот кога гласаа болните, изнемоштените и хронично болните и затворениците и во средата кога беше изборниот ден.

Победи коалицијата „Можеме“ предводена од лидерот Зоран Заев, кој освои 46 мандати на изборите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има 44, ДУИ освои 15 мандати, Алијансата на Албанците и Алтернатива 10, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Дел од партиите учесници на изборите се пожалија на нерегуларности и грешки во сумирањето на резултатите и најавија дека ќе поднесат приговори до ДИК и другите надлежни институции.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

Симулација на пратенички мандати: Коалицијата „Можеме“ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повикот за бојкот причина за разликите во бројот на државјани во дијаспората, смета Османи

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: И по Мира Дизел доаѓа Милева Ѓорѓиева

Редакција

Досега не е поднесена жалба против решението за упис на основање на здружението „Иван Михајлов“, велат од Централен регистар

Редакција