еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати

Државната изборна комисија (ДИК) вчера ги соопшти конечните неофицијални податоци од предвремените парламентарни избори според кои коалицијата на СДСМ и Беса, освоила 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 44, ДУИ, 15, коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА, 1.

Доколку се споредат овие резултати со тие на парламентарните избори во 2016 година, излегува дека ДУИ сега има 5 пратенички мандати повеќе (тогаш имала 10), СДСМ со коалицијата изгубила 3, а ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата 7 пратенички мандати.

Имено на изборите во 2016 година, СДСМ со коалицијата освоила 49, а ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата 51.

Алијансата за Албанците на изборите во 2016 година освоила 3, а сега во коалиција со Алтернатива освои 12 пратенички мандати.

Беса на претходните избори имала 5, а сега според договореното, бидејќи е дел од коалицијата која ја предводи СДСМ, “Можеме“ и припаѓаат 4 пратенички мандати.

ДПА пак споредено со претходните избори изгубила 1 пратенички мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат партиите од албанскиот блок со 32 пратенички мандати

Голем пад на поддршката: Каде исчезнаа илјадници гласови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ?

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?

Графика: ДИК/Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји

Редакција

Убава вест: Од коронавирусот излекувани 75 здравствени работници во Македонија

Редакција

Извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје

Редакција