еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата

Вработените во Јавнто сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска го почнаа протестот пред Владата и пред останатите институции, поради неисплатата на заостаната плата.

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најавија дека ќе штрајкуваат се додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „од утре ќе бидат пред Владата и останатите институции, се додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие“.

– Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. И ние она кое што е наша услуга, ќе се обидеме доследно до последниот момент да го испорачаме до граѓаните.

Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски, рече Арсовска.

Од Владата пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Сабајлево, поради дојава за бомба, јавниот автобуски превоз беше во прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен вработен од ЈСП, пријавил дека ќе постави бомба во автобус оти не земал плата

Ќе останат ли Скопјани без јавен превоз: Арсовска вели дека Владата има долг кон ЈСП, од таму демантираат

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името, вели Заев

Редакција

Опозиционерот Киличдароглу пред Ердоган: Предизборни анкети во Турција

Редакција

Кривична за тероризам за 63-годишен тетовчанец за лажни пријави за бомби во Делчево

Редакција