еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведен вработен од ЈСП, пријавил дека ќе постави бомба во автобус оти не земал плата

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска е приведен вработен од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, пријавил дека ќе постави бомба во автобус, бидејќи не земал плата

„Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите“, се наведува во соопштението.

Поради дојавата за бомбата, утрово автобусите на ЈСП беа вратени во гаражите за да бидат проверени, а за попладне пред Владата е закажан штрајк на вработените во јавното претпријатие, заради неисплатена септемвриска плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈСП по лажната дојава за рачна бомба: По безбедносна проверка, автобусите се пуштаат во сообраќај

Ќе останат ли Скопјани без јавен превоз: Арсовска вели дека Владата има долг кон ЈСП, од таму демантираат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Порше лизинг“ го доби тендерот за набавка на возило на СОЗР на Владата

Редакција

Шпанија донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа

Редакција

Почина пешак по удар од „фиат пунто“ во Виница

Редакција