еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мирно заврши денешниот протест против „францускиот предлог“

Осмиот ден од протестите против францускиот предлог, помина во мирна атмосфера со присуство на голем број на граѓани.

Протестот, кој се одржа под мотото „Ултиматум, НЕ благодарам“ и денеска започна пред Владата, од каде демонстрантите се движеа кон Министерството за правда, за да го завршат својот марш пред македонското Собрание.

„НЕ за разнебитување на Македонија, НЕ за заборав на македонскиот народ, НЕ за македонскиот јазик да биде некаков си дијалект затоа што сме посебни од памти век па до ден денеска говориме на македонски јазик и така ќе остане,“ рече во својот говор пред насобраните граѓани, Димитар Атанасовски, кој ги повика граѓаните да излезат во што поголем број и да кажат НЕ.

„Не смееме да поминеме преку ова, не смееме да дозволиме историјата да не пишува како хибридна нација затоа што не сме такви, затоа што Македонци сме се родиле и Македонци се и нашите деца и сите идни поколенија,“ рече Атанасовски.

Потпретседателот на Унијата на Млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Филип Ѓорѓиев рече дека Владата треба да го слушне народот кој е против ултиматум.

„Европска Унија ДА, но само ако влеземе како Македонци кои ќе се гордо исправени, а не како асимилирани Бугари или било што друго, не со свиткани кичми, обезличени, обележани како нација со цртички или граѓани на некоја туѓа држава.

А, ние младите ќе им порачаме и на домашните предавници, злонамерници и трговци на нашите човекови права и слободи кои лесно виткаат кичма дека Македонија е на Македонците и на сите народи во неа кои ја сакаат и ја чувствуваат како своја земја“, потенцира Ѓорѓиев.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стотината заглавени во општините Дебар и Центар Жупа, остануваат таму до крајот на кризната состојба

Редакција

Починаа 23 лица од Ковид-19, најмладиот на 40-годишна возраст

Редакција

(Галерија) Новиот шопинг-мол во „Ист гејт“ ќе биде отворен во 2020 година: Ќе биде поголем од Сити мол и со многу нови брендови

Редакција