еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стотината заглавени во општините Дебар и Центар Жупа, остануваат таму до крајот на кризната состојба

Стотината заглавени во општините Дебар и Центар Жупа, остануваат таму до крајот на кризната состојба, која како што е познато ќе трае 30 дена.

Меѓу нив има граѓани од околните места, од други места во Македонија, но и и лица од Србија, Шведска, Косово и Бугарија.

Како што пренесе агенцијата МИА, има заглавени во селата Гари и Лазарополе, во подрачјето на Мала Река, во селото Мелничани, како и четворица возачи, кои со товарани возила останаа заглавени кај Бошков Мост.

Станува збор за по еден возач од Скопје, од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше, како и од Србија и од Бугарија.

Во хотелите на „Дебарски Бањи-Цапа“ се сместени 81 лице кои заглавиле во Дебар.

Тоа се главно лица од подрачјето на Река, кои работат во Дебар или на денот на прогласувањето на кризната состојба биле во Дебар на шопинг или по лекови.

Има и лица од други градови.

Во Дебар се заглавени 110 лица кои не се дебрани, од нив 21 се странски државјани, од Шведска и од Косово.

За сите нив на дневна основа, македонските институции обезбедуваат храна и се што им е потребно.

Владата ги задолжи МВР, ЦУК и МЗ сите затекнати лица безбедно да ги напуштат викенд куќите во Маврово и Ростуше

Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација во општините Маврово и Ростуше или во непосредна околина, безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, од Владата соопштуваат да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

На седницата Владата го задолжи и Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација и за почитување на мерките на Владата и за истото да ја известува Владата на дневна основа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Се затвораат сите гранични премини

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Пет нови случаи на корона вирус, четворица од Дебар една од Скопје

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „организаторите на настаните од 27 април“: Нинџа не бил во ВМРО-ДПМНЕ во период пред насилството во Собрание, тврди одбраната

Редакција

Мицкоски најавува дека ќе работи против Договорот од Преспа, ама не кажува како

Редакција

НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем

Редакција