еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Топката на Танос и Трифон од Солун го спаси животот на Иван од Македонија

Кога 6 годишниот Танос и 11 годишниот Трифон заедно со своите родители ја изгубиле малата кожна топка на плажата Евгати на островот Лемнос, не можеле ни да претпостават дека таа 10 дена подоцна ќе му го спаси животот на Иван повеќе од 130 километри подалеку од нив, пишува агенцијата Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Градоначалничката на Касандра објави фотографија од топката која му го спаси животот на Иван

Според информациите на грчкиот портал Вориа.гр, на 30 јуни децата си играле со нивната омилена топка сè додека во одреден момент таа не им излегла од контрола и ја одвлекле морските струи.

Всушност, еден пливач кој во тој момент случајно се нашол на местото на настанот се обидел да ја фати, но безуспешно.

Девет дена подоцна, на 9 јули, 30 годишниот Иван, заедно со неговите двајца другари, Васил (25 г.) и Мартин (28 г.) го прославувал својот роденден на плажата Митис, на првиот крак на Халкидики, Касандра.

Васил и Мартин решиле да влезат во морето да се искапат, но додека да забележат дека морските струи се исклучително силни веќе било предоцна да се вратат. Иван сфатил дека нешто не е во ред.

Гледајќи дека неговите пријатели се во опасност, 30-годишникот донел одлука да влезе во водата за да им помогне. Но, силните морски струи – кои ги спречуваат дури и мештаните да пливаат таму – го однеле и него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нè однесе струјата – другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа, вели за Сител првиот Македонец спасен на Халкидики

Васил успеа да го спаси грчката крајбрежна полиција уште истиот ден благодарејќи на сурфер кој го забележала во водата, а Иван и Мартин ги повлекле струите.

Иван беше пронајден на 10 јули, по 19 часа поминати во водата држејќи ја истата кожна топка која Танос и Трифон ја загубиле 10 дена претходно на островот Лемнос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Топка го спаси Иван, кој помина 19 часа во море: Детали како преживеал

Држејќи се за топката, Иван успева да остане на површината на водата многу часови, таа му помогнала да се одмори и да земе здив за да не попушти од исцрпувачкото, долгочасовно пливање.

Во изјава за Вориа.гр, Иван рекол дека топката, иако била полунадувана, му помогнала да остане жив.

Фокусот на потрагата сега е третиот од групата, 28-годишниот Мартин по кој сè уште се трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од спасувањето на еден од исчезнатите Македонци на Халкидики

Фото: Фото: Thestival/Халкиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владејачката ПиС победи на изборите во Полска, но нова влада најверојатно ќе формира опозицијата

Редакција

Кардиоваскуларна болест најчесто: 78,5% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Нови 29 случаи на Ковид-19 од 3.856 тестирања, бројката на активни се намали на 999

Редакција