еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од денеска предупредувачки протести на вработените во Пошта оти не земале плата за септември

Вработените во „Пошта на Република Северна Македонија“ од денеска ќе одржуваат предупредувачки протести со цел да издејствуваат исплата на платата за септември.

Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на Пошта за МИА изјави дека протестите ќе се одвиваат во тек на паузите на вработените во сите подружници на „Поштата“ низ државата.

– Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуваме исплата на платата, изјави Велигденов, најавувајќи дека планираат да одржат и генерален протест пред Владата во наредниот период.

Велигденов вели дека имале средба со раководството на „Пошта“ кое ги информирало дека прави напори да обезбеди финансии и оти се чека поддршка од Владата. Во случај во меѓувреме да не се обезбеди исплата на платата генералниот протест Синдикатот ќе го организира наредниот викенд.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 26 лица починаа од Ковид-19, две на 35-годишна возраст

Редакција

71 пратеник ќе водат „ЗА“ кампања за референдумот за името, Антонио Милошоски за сега единствен што ќе води кампања за бојкот

Редакција

Двајцата лекари кои се вратија од Мадрид не се заразени со корона вирус

Редакција