еМагазин
Image default
Балкан

Бебе почина во Грција, откако таткото го заборавил во автомобил неколку часа

Пет ипол месечно бебе, девојче, почина во Грција откако таткото наводно го оставил во автомобил со часови без надзор, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Трагедијата се случи во градот Арта во северозападна Грција.

Според првичните информации во грчките медиуми родителите на девојчето наутро излегле од дома на работа. Таткото заминал со неа и требало да ја остави во градинка.

Кога мајката отишла да го земе бебето од градинка и открила дека го нема, веднаш му се јавила на сопругот кој брзо се вратил во автомобилот да ја бара нивната ќерка.

Тој наводно ја нашол својата ќерка онесвестена во автомобилот и со пена од устата. Веднаш била пренесена во болница, но починала.

Властите наредија обдукција за да се утврди точната причина за смртта на бебето, а родителите моментално се во болница и под седативи.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојче било заглавено со часови во автомобилот на македонските државјани кои загинаа во сообраќајката во Србија

Редакција

Маж од Суботица е првиот заразен со коронавирус во Србија

Редакција

Вархеји утре во Тирана на неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан

Редакција