еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Синот на Бајден обвинет на федерално ниво за нелегално поседување оружје

Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер е обвинет на федерално ниво за нелегално поседување оружје.

Хантер Бајден е обвинет пред федералниот суд во Делавер дека лажел за неговата употреба на дрога за време на купувањето пиштол во 2018 година, велејќи дека не страдал од зависност. Тој претходно во тој период призна дека се борел со зависност од кокаин.

Обвинението против Хантер Бајден (53) претходно беше дел од спогодбата за признавање вина во која беше вклучено и тој да се изјасни за виновен за даночни прекршоци, но тој договор пропадна за време на судското сослушување во јули кога судијата покрена прашања за невообичаените услови на договорот.

Новото обвинение доаѓа додека републиканците во Конгресот започнаа истрага за импичмент на претседателот Бајден поради врските со контроверзните надворешни работи на неговиот син.

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потрага по полицаец од Делчево, исчезнал пред два дена кога отишол на риболов

Редакција

(Видео) Грција го доби првиот ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Редакција

Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

Редакција