еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган: И верувам на Русија исто колку и на Западот

Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во изминатите 50 години чекаме на прагот на ЕУ и во овој момент и верувам на Русија исто колку и на Западот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за американската телевизија ПБС во Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на ОН.

Ердоган потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека Русија ќе испрати уште милион тони жито во Африка, а на прашањето дали верува дека Путин ќе го исполни тоа ветување, Ердоган одговори дека нема причина да не му верува.

Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека таа ќе продолжи уште долго.

Одговарајќи на прашањето дали Турција има поголема корист од односите со САД или Русија, турскиот претседател рече дека начинот на кој се занимава со политиката се сведува на воспоставување контакти со државите ширум светот во модел на вин-вин.

-Како што имам добри односи со САД, ќе имам добри односи и со Русија. Ќе продолжам да имам односи со земјите-членки на ЕУ врз основа на истиот пристап меѓу двете страни, рече Ердоган.

МИА/Фото: Фејсбук/Ердоган

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија од коронавирусот повеќе починале и се заразиле жени

Редакција

Западот во „војна“ со ТикТок: Дали критиките се оправдани?

Редакција

Демократски сојуз за францускиот предлог: Бугарските националистички и негаторски барања стануваат европски

Редакција