еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка разгледува можност за присоединување на Стопанска банка Битола

Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Стопанска банка Битола за првична размена на информации.

-Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина.

Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните собранија во 2024 година.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална намера за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка Скопје, велат од таму.

Со идентично соопштение преку Македонската берза се огласи и Стопанска банка Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во училиште ќе може да се запишат единствено деца кои се вакцинирани

Редакција

(Галерија) Ресторан „Амбиент“, место кое вреди да се посети и да се ужива во амбиентот

Редакција

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, старо-новиот градоначалник на Струга

Редакција