еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ подготвува пакет за создавање услови за прием на нови членки, вели Вархеји

Европската унија подготвува нов пакет за проширување кој ќе претставува нова алатка што ќе демонстрира дека таа е подготвена да прими нови земеји членки и да сооздаде услови за нивно членство, земјите кандидати ќе остане да да ги искористат тие можности, порача денеска европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеј на прес-конференција на неформалниот министерски состанок за општи работи што се одржува во шпанскиот град Мурсија.

Тој нагласи дека на состанокот се утврдени конкретни активности за забрзување на проширување, преку пакет кој ќе понуди нов начин на размислување за овој процес.

– Пакетот сега вклучува 10 замји кандидати со европска перспектива. Со тоа не само што сакаме да се придвижиме напред, туку и да обезбедиме забрзана интеграција. Тоа ќе биде надградување на план за раст на Западниот Балкан, што ќе се потпира на четири столба, истакна Вархеји.

Првиот столб, како што нагласи Вархеји, ќе се однесува на поттикнување на социо-економските реформи во земјите кандидати за членство, а вториот на создавање услови за нивно интегрирање во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата, од што полза ќе имаат и ЕУ и кандидатите за членство.

Според него, третиот столб ќе се однесува на зајакнувањето на владеењето на правото и демократијата, а четвртиот ќе биде насочен кон надминување на социјалниот и економскиот јаз меѓу ЕУ и земјите кандидати преку финансиска поддршка од Унијата за забрзување на неопходните реформи.

– Европската комисија од самиот почеток на нејзиниот мандат постојано, кредибилно и силно го поддржува проширувањето и сега промената на нашето геополитичко опкружување ни покажа дека долгорочниот мир, стабилност и просперитет на ЕУ во голема мерка ќе завист од успешноста на проширувањето и премот на нови членки од нашето непосредно соседство, изјави Вархеј.

Тој потсети дека 2030 година како датум за идно проширување ја наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и дека е важно до тогаш  ЕУ да се подготви за прием на нови членки, но и државите кандадати да бидат подготвени за зачленување до тој датум, при што главен критериум за приемот на нови членки ќе биде исполнувањето на критериумите за членство.

– Тоа значи дека земјите кандидати, нашите партнери, мора да ги исполнат добро познатите критериуми за членство од Копенхаген. Тоа се збир на критериуми што го гарантираат кредибилиетот на членство. Затоа денес не само што потврдивме, туку и започнавме дискусија како да ги поддржиме земјите кандидати да го забрзаат спроведувањето на реформите, додаде Вархеј.

Според него, проширувањето на ЕУ било главна тема на состанокот, при што е потврдено дека тоа е  меѓу трите приоритети на Унијата.

– Значењето на членство во ЕУ никогаш не било толку големо како што е сега. Видовме итна реакција од три земји по стартот на руската агресија на Украина, кои заклучија дека нивниот мир, стабилноста и просперитет ќе бидат гарантирани со членство во ЕУ, рече Вархеји.

Тој додаде дека од денешната дускусија околу подготвеноста на Унијата за проширувањето, Европската комисија заклучила дека за приемот на нови членки нема да биде потребна измена на Договорот за функционирање на ЕУ и дека процесите на внатрешни реформи и на проширување може да се одвиваат паралелно.

– Убедени сме дака овие два процеси можат да се одвиваат паралелно и убедени сме дека и двата процеси можат да се спроведат на кус рок, заклучи Вархеји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застрашувачки случај: Едногодишно дете завршило на клиника по напад од друго дете во градинка

Редакција

Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката

Редакција

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција