Припадници на специјалната едица на МВР вечерва поради остар мирис кој го отежнува дишењето евакуираа жители од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската општина Аеродром.
Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.
Медиумите јавуваат дека станарите се уште не се вратиле во своите домови и стојат пред зградата, пред да добијат дозвола од надлежните институции дека е безбедно да се вратат.
Како изгледаше евакуацијата од видеото на ТВ Сител:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/видео: ТВ Сител
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.