еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

За опасниот отпад во Орман е отворена постапка, сопственикот на имотот не знаел што се случува

За опасниот отпад кој што беше лоциран во село Орман, е отворена инспекциска постапка, информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и од Општината се на терен за лабораториско утврдување на точниот состав на отпадот, и согласно законскиот рок од 30 дена, потребно е отпадот да се дислоцира од таму.

„Повикан е сопственикот на земјиштето, кој не бил свесен дека на неговата локација се депонира ваков тип на отпад. Останува на институциите да преземат соодветни мерки за да го откријат и истиот тој отпад да биде дислоциран од таа локација“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

600 тони опасен отпад лоциран во близина на село Орман

Фото: Државен пазарен инспекторат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија на Илинденското востание му даде целосно бугарски карактер, Македонија молчи

Редакција

Нема стан, има кредит: Каков имот пријавил Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

Редакција

Од Ковид-19 починале шест лица, вкупно до сега 7.969

Редакција