еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска лансираше нов онлајн бизнис во Македонија

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска и основачка на Групер, го лансираше новиот онлајн бизнис, ananas.mk на македонскиот пазар.

„Од сега македонските компании имаат нов канал на продажба, сигурен и доверлив партнер со кој ќе ги растат продажбите и бизнисот. Купувачите имаат нова шопинг-дестинација, а на нет избор од над 100.000 производи и брза достава.

Ако некој може да го смени онлајн купувањето, односно да го донесе на ниво како што го знаеме само во развиените земји, цврсто верувам дека тоа е Ананас.

Верувам дека ќе направиме револуција во е-трговијата во регионот, а посебно задоволство ми е што токму првата земја од планот за експанзија е Македонија. Верба секако не е доволна ако не е проследена со јасна визија и планови и поддржана со ресурси и луѓе-а тоа го имаме,“ напиша Ангеловска на Linkedln.

Фото: Ангеловска/Linkedln

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предложени промени во Надзорниот одбор на „Скопски пазар“

Редакција

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција

По кој пат излажаа за новиот автопат Миладиновци -Штип и зошто имаат потреба од тоа

Редакција