еМагазин
Image default
Бизнис

Раст кај потрошувачките и станбените, пад кај автомобилските кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица во декември, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, забележан е месечен раст од 0,5% и 1,9%, соодветно, како и годишен раст од 6,9% и 13,6%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Автомобилските кредити остварија месечен и годишен пад од 2,6% и 10,9%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,6% и 6,1%, на месечно и годишно ниво, соодветно.

Во декември, негативните салда на тековните сметки бележат месечно и годишно намалување од 9,9% и 5,0%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се повисоки за 0,3% во споредба со претходниот месец, додека на годишна основа се намалени за 6,0%“, информираат од Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се штеди и во време на пандемија: Народната банка регистрира пораст на депозитите во декември

Зголемено кредитирањето на компаниите и на граѓаните во декември

Народна банка: Вакцинацијата за Ковид-19 влева оптимизам, но се уште постојат ризици по економијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Берзанските цени на гасот паѓаат, ЕСМ купува за фиксна и повисока цена

Редакција

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје

Редакција

Европа лани со намалена добивка

Редакција