еМагазин
Image default
Бизнис

Се штеди и во време на пандемија: Народната банка регистрира пораст на депозитите во декември

Вкупните депозити во декември, се зголемија за 3% на месечна основа, под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поголемо учество на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Споредено на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“.

„Во декември, кај вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан раст на месечна основа од 5,8%.

Нагорната промена во најголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари, при помал раст и кај краткорочните и долгорочните депозити во странска валута и остварен пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

На годишно ниво, депозитите се повисоки за 10,1%, како резултат на растот на депозитните пари и депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), при забележан пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Во декември, вкупните депозити на домаќинствата, пораснаа за 2,3% во споредба со претходниот месец. Зголемувањето главно се должи на растот на депозитните пари, при остварен помал раст и кај останатите компоненти, освен кај долгорочните депозити во денари коишто бележат пад.

На годишна основа, депозитниот раст изнесува 4,6% и целосно се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти“, информираат од Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се добитниците: Македонската берза ги додели годишните награди за 2023

Редакција

Поради корона вирусот се замрзнуваат стечајните постапки

Редакција

Поништена постапката за субвенционирање на авиопревозници на која се јави само Виз ер

Редакција