еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Кои се добитниците: Македонската берза ги додели годишните награди за 2023

Синоќа се одржа церемонија на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2023 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Трета година по ред, Македонска берза доделува годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на хв и бројот на трансакции.

За овие награди пресекот согласно усвоената Методологија за доделување на наградите од страна на Одборот на директори на Берзата се прави вториот петок во декември. За останатиот дел од наградите одлучуваа специјални комисии составени од пазарните учесници, експерти и претставници на медиумите, а за наградата „Акција на годината“ пошироката инвестициска јавност преку анкета на сајтот на Берзата и Интернет порталот Фактор.

Настанот за доделување на годишните награди го отвори министерот за финансии, Фатмир Бесими, а по неговото обраќање пред присутните се обрати и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.

Годишните награди на Берзата ги доделија Нора Алити, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Тони Стојановски, претседател на Одборот на директори на Берзата, Нина Неданоска, неизвршен член на Одбор на директори на Македонска берза, Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, Филип Петрушевски, извршен директор, Инветброкер Скопје (претставник на Комисијата на пазарни учесници), Весна Миќиќ Божиновска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер и на порталот vecer.press (претставник на Комисијата на медиуми) и Нина Нинеска Фиданоска, главен и одговорен уредник на порталот faktor.mk.

Добитници на Годишните награди на Македонска берза за 2023 година се:

Категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“

Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје, a во име на банката наградата ја прими Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор.

Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е УНИ Банка АД Скопје, а Владислав Хаџидинев, извршен директор на УНИ Банка АД Скопје ја прими наградата.

Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“

Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје, а  Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор, во име на Комерцијална банка АД Скопје ја прими оваа награда.

Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е УНИ Банка АД Скопје, а во име на друштвото наградата ја прими Владислав Хаџидинев, извршен директор на УНИ Банка АД Скопје.

Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2023 година

Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е ОКТА АД Скопје, а Димитриос Пасхос, главен извршен директор ја прими наградата во име на ОКТА.

Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Стопанска банка АД Битола, а Александра Радевска, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја прими оваа награда.

Категоријата „Членка на годината за 2023 година“

Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник е Илирика Инвестментс АД Скопје, а Васко Митев, директор на членката ја прими наградата.

Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Еурохаус АД Скопје, а Стефан Степаноски, извршен директор на членката ја прими наградата.

Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2023 година“ – по избор на пазарни учесници

Добитник е Комерцијална банка АД Скопје. Наградата ја прими Марина Момировска, лице за контакт со инвеститори во Комерцијална банка АД Скопје.

Комисијата на пазарните учесници ја сочинуваа Лидија Трајковиќ и Филип Петрушевски, како претставници на членките на Берзата, Лазе Камчев и Сашо Дракуловски, како претставници на инвестициските фондови и Весна Стојановска, како претставник на пензиските фондови.

Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2023 година“ – по избор на медиуми

Добитник е Алкалоид АД Скопје. Наградата ја прими Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид АД Скопје.

Комисијата на пазарните учесници ја сочинуваа Петре Димитров, главен и одговорен уредник на порталот emagazin.mk, Весна Миќиќ Божиновска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер и на порталот vecer.press, Нина Нинеска Фиданоска, главен и одговорен уредник на порталот faktor.mk, Наташа Мерсовска, новинар во телевизијата Сител и Горан Теменугов, новинар во порталот pari.mk.

Категорија „Акција на годината за 2023 година по избор на јавноста“

Добитник е Алкалоид АД Скопје. Наградата „Акцијата на годината по избор на јавноста“ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се вршеше паралелно на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“.

Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“

Добитник е Министерството за финансии. Имено, според мислење на Комисијата, во текот на 2023 година Министерството за финансии со успешно издавање на низа нови државни хартии од вредност, односно двете емисии на граѓански обврзници, како и новите “зелени” и структурни обврзници даде успешен пример и ја збогати понудата на домашниот пазар.

За доделување на оваа награда беше формирана Комисија во следниов состав: Тони Стојаноски, претставник од Одбор на директори на Македонска берза, Иван Штериев, претставник од стручната служба на Берзата, Магдалена Симоновска, претставник на регулаторните институции, Горан Марковски, претставник од пазарните учесници, Јелисавета Георгиева-Јовевска, претставник на корпоративниот сектор, Сашо Арсов, претставник од високообразовна институција и Драган Давитков, претставник од редот на експерти во областа на финансии.

Фото: Македонска берза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворени осум угостителски објекти поради непочитување на ковид-протоколите

Редакција

Меѓу новозаразените со Ковид-19 регистриран и еден импортиран случај, 37,1% имале контакт со потврден случај

Редакција

Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“

Редакција