еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Силно светна розова панделка во Скопје

Големо внимание привлече синоќешната креативна светлосна инсталација што ги „размрда“ скопјани со панделка во розова боја на деловен објект позициониран на една од најфреквентните раскрсници во градот Скопје.

Граѓаните кои поминуваа покрај објектот се фотографираа, а на социјалните мрежи се споделуваа објави со пофалби за иницијативата со розова панделка што симболизира подигнување на свеста за ракот на дојка.

Овој тип на рак е најчестиот малигнитет кај жените, а според статистиката, три до четири жени во земјава дневно заболуваат од него. Октомври е месецот за борба против ракот на дојка и важно е да знаеме дека истиот може да се излекува доколку навреме се открие.

Редовните лекарски прегледи, здравиот начин на живот, воведувањето на физичка активност и намалување на стресот се најдобрата превенција, но и заштита од заболување, што придонесуваат за подобар квалитет на живот.

Светлосната розова панделка беше поставена на целиот деловен објект ЗОАРА кој се наоѓа во непосредна близина на новиот трговски центар Ист Гејт Мол. Од компанијата Велкоски кои се иницијатори на оваа герила акција потенцираат дека грижата за здравјето треба да биде главниот и врвен приоритет.

Компанијата Велкоски што важи за една од водечките компании во сферата на градежништвото во следниов период ќе организира бесплатен мамографски преглед за вработените, и продолжува со општествено одговорни активности во сите сегменти на општественото живеење.

Видеото можете да го поглденете на следниот ЛИНК.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За празникот сончево и топло, за викендот повремено дожд

Редакција

(Фото) Биба Додева позитивна на Ковид-19 преку стакло се гледа со внукот: Дај Боже да помине поскоро

Редакција

(ВИДЕО) Гол човек се прошета пред странска делегација низ центарот во Охрид

Редакција