еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган: Западот стои зад „масакрот“ во Газа, користејќи го Израел како „пион“

Западните влади се главниот виновник за „масакрот“ во опколениот Појас Газа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на големиот пропалестински митинг вчера во Истанбул, без да именува ниту една земја.

– Сите знаат дека Израел е само пион во регионот кој ќе биде жртвуван кога ќе дојде денот, им порача турскиот лидер на илјадниците поддржувачи, пренесе ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ги повлече дипломатите од Турција по говорот на Ердоган

Ердоган го обвини Израел за „вршење воено злосторство“, а западните политичари за „легитимирање“ на акциите против палестинскиот крајбрежен појас.

– Уште колку деца, жени, стари лица треба да умрат за да можете да повикате на прекин на огнот? рече тој, носејќи шал во боите на палестинското и турското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Над 1 милион во Истанбул, повеќе од 100 илјади лица во Лондон: Протести за катастрофата во Газа низ целиот свет

Ердоган оваа недела го заостри тонот против Израел. Тој ги откажа плановите да го посети Израел и ги нарече милитантите на Хамас, кои ја контролираат Газа, борци за слобода, а не терористи.

Турција има историска должност да ги брани правата на Палестинците, рече Ердоган и го повика Израел „вратата за дијалог да ја држи отворена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

(Вознемирувачко видео) Новинар во Газа ги изгуби жената и две деца при нападите на Израел

МИА/Фото: Ердоган/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица

Редакција

Како да плаќате безбедно при користењето на дигиталните финансиски производи и услуги

Редакција

Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет која поднесе оставка

Редакција