еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почнавме за да направиме Албанија без граници, ама политиките се сменија, порача Ахмети од меморијалниот комплекс на УЧК

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, од меморијалниот комплекс на УЧК во село Сопот, порача дека оваа терористичка организација, на чие чело беше тој за време на воениот конфликт во земјава, кога почнала со своите активности имала за цел да ја направи Албанија без граници, но политиките се смениле, па избрала прагматизам, а не фанатизам.

„Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам.

Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено.

Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен“, изјави тој, пренесува ТВ21.

Посетата била за да се оддаде почин на загинатите во масакрот од 1944 година врз 64 жители на ова село.

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орце Камчев ја тужи Македонија во Стразбур, бара отштета за притворот за „Плацеви на Водно“

Редакција

Убава вест: 278 оздравени од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Не чувствува вина: Јанева била повикана како сведок за “Рекет“

Редакција