Со брза пруга ќе се спојуваат Скопје и Ниш, а по истата возовите ќе возат со 160 км на час, а патувањето ќе трае два часа.
Изградбата на оваа пруга, за која Македонија и Србија се уште немаат обезбедено пари, би чинела околу 1,5 милијарда евра.
За реализација на овој проект денеска во Белград, министрите за транспорт и врски на Македонија и Србија, Благој Бочварски и Горан Весиќ потпишаа меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси, како дел од железничкиот Коридор 10.
Ако годишно се градат по 10 километри пруга, за шест години истата би можела да биде завршена.
На македонска територија, во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, и тоа од границата со Србија до Скопје, од преминот Табановце до главниот град и со железнички крак до аеродромот „Скопје“.
А, од српска страна, веќе се проектира делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри.
Фото: Македонски железници