еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Прв форум „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”

Здружението Икуалити, во рамки на своите активности, отпочна иницијатива за соработка помеѓу локалните власти и младите лица со интерес за проактивно општествено делување, преку проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”, информираат од таму.

Проектот „Зен 2.0 Караван” има за цел, низ пет форуми, во пет општини ширум земјата, да го поттикне активното учество на младите во креирање на стратешки решенија за различни општествено релевантни теми.

Во рамки на проектот, низ пет форуми за менторство за млади лидери, 20 млади лица ќе се стекнат со вештини за јавно презентирање и комуникациски вештини, ќе проследат обука за физички и ментален имунитет, како и можност да се запознаат со начините на самозастапување и делување преку правни механизми на државно и меѓународно ниво.

Главната цел на проектот е младите лидери да работат на конкретно прашање или предизвик, кое откако ќе го идентификуваат и со помош на стекнатите вештини ќе креираат решение за истото, со што ќе се обезбеди позитивна промена со огромен придонес и за целото општество.

На следниот линк може да се погледне објавата за Првиот менторски форум: karavan.equality.agency.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“и „Хабитат Македонија“ ќе го реконструираат Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ во Неготино

Редакција

„Македонија2025“ и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД ќе доделат 40 стипендии за талентирани студенти

Редакција

(Фото-вест) Lisca Selection: Почувствувајте го пулсот

Редакција