еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Кој ќе плаќа поскапа струја?

Годинава субвенционирањето на електричнатата енергија од страна на државата по препорака на Меѓународниот монитарен фонд (ММФ) е намалено за околу 60%, што значи дека ќе има поскапување на цената на струјата за одредени потрошувачи.

Поскапување најверојатно ќе има за домаќинствата од третиот тарифен блок, односно тие што трошат над или нешто под 1.000 киловат часови електрична енергија, со тоа што во овој блок ќе има проширување, а како што најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, можно е и проширување во четвртиот блок.

-Со тоа опфатот ќе биде поголем за тие коишто трошат повеќе, а за најранливите категории на луѓе, за луѓето кои вистински штедат електрична енергија да остане ист тарифен модел, иста тарифа, но и цената на електричната енергија т.е. евентуалната промена на цената на електрична енергија да не падне на товар на тие коишто се во првиот и вториот блок, туку кај тие што се во третиот и четвртиот блок, а тоа се поголемите корисници, рече Битиќи.

Во третиот тарифен блок моментално влегуваат потрошувачите кои трошат од 631 до 1.050 киловат часови, а во четвртиот над 1.050 киловат часови.

Можното покачувањето најверојатно ќе следи по Нова Година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 2.009 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Фото) Ципрас во Струмица кај другарот Заев

Редакција

Скопје „парализирано“: Приватните превозници ги блокираа главните крстосници

Редакција