еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

На изборите во Холандија победи Вилдерс, познат по антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови

Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) е победник на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во Холандија.

Лидерот на партијата, Герт Вилдерс е познат по своите антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови.

Тој во текот на предизборната кампања ги ублажи овие ставови, но изборната програма на неговата партија го задржа неговиот остар антиимигрантски тон.

Во текот на својата 25-годишна политичка кариера ги нарекуваше Мароканците „ѓубриња“, за што заработи и судска казна, организираше и „конкурси“ за карикатури на пророкот Мухамед, а ја промовираше и својата „мисија за запирање на исламската инвазија на Западот“.

Поради ваквите ставови во 2004 година доби и закани по животот, поради што беше ставен под полициска заштита.

Тој по победата порача дека неговата партија ќе се погрижи за враќање на Холандија на Холанѓаните и за ограничување на миграцијата.

Во политика влезе во 1998 година како член на либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), која ја напушти во 2006 година и ја формира ПВВ.  .

Вилдерс е роден во 1963 година во Венло, во близина на границата со Германија, во католичко семејство во доминантно протестантската Холандија.

Својата политичка кариера ја изгради на антиимигрантска политика, а неговата мајка е половина Индонезијка.

Фото: Фејсбук/Вилдерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Симон Трпчевски со „Македонисимо“ ја разнежни публиката на бесплатниот концерт пред МОБ

Редакција

„ЦМЦ груп“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на специјално возило вреден 114.000 евра

Редакција

Руската економија годинава ќе падне за 10%

Редакција