Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, синоќа најави дека поради убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и на Панче Жежовски од Велес нема да учествува на денешната лидерска средба и побара денешниот ден да се прогласи за ден на жалоста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре лидерска средба, ќе има ли договор за датумот за избори и без премиер од ДУИ
-Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори!
Поради ова, јас како претседател на Левица го откажувам моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на Самитот на ОБСЕ), напиша тој на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Вања била убиена пред една недела, неколку часа по киднапирањето
Граѓани бараат смртна казна за убијците на Вања
Фото: Левица