еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вања била убиена пред една недела, неколку часа по киднапирањето

Четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје била убиена неколку часа откако била киднапирана минатиот понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓани бараат смртна казна за убијците на Вања

Вања Ѓорчевска е пронајдена мртва

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, таа била земена со возило од влезот на живеалиштето, а е убиена со пиштол по неколку часа, околу 10 часот наутро.

Нејзината мајка кога пред една недела, на 27. ноември, јавно преку Фејсбук, информираше за нејзиното исчезнување, посочи дека после 7.20 часот наутро изгубила контакт со нејзе.

Нејзиното тело е пронајдено во околината на Скопје.

Речиси истовремено, во околината на Велес, е пронајдено и телото и на 74-годишниот Панче Жежовски, кој бил пријавен за исчезнат на 24. ноември годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

За двете убиства е осомничена иста група на лица, од кои три се во притвор, едно е приведено, а едното е недостапно.

Во врска со убиствата е пронајдено и опожарено возило „цитроен“, за кое медиумите неофицајално објавија дека е на Жежовски.

Денеска во 9:30 часот за убиството и киднапирањето на Вања и Панче заедничка прес-конференција ќе одржат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен и таткото на убиената Вања, три лица се во притвор, едно е недостапно

Мајката на Вања Ѓорчевска откри детали за ќерката која ја нема веќе пет дена

Исчезнувањето на Вања било пријавено двапати во различно време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Редакција

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Редакција

(Фото) Струмичанец возел автомобил со 2,34 промили алкохол

Редакција