еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Протест и штрајк со глад, опозицијата во Србија обвинува за кражба на изборите во Белград

Коалицијата „Србија против насилството“, која е второ пласирана на изборите во Србија кои се одржаа викендов, не ги признава резултатите од локалните избори во Белград и обвинува за кражба.

Резултатите не ги признаваат и нивните подржувачи, кои вечерва протестираат во Белград.

Партиите од коалицијата „Србија против насилство“ тврдат дека на локалните избори во Белград на 17. декември владејачката Српска напредна партија (СНС) ја нарушила изборната волја на граѓаните.

Опозициските лидери Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ пак објавија дека почнуваат штрајк со глад, кој ќе трае до поништувањето на резултатите од изборите во Белград.

Викендов во земјава заедно се одржаа републичките, покраинските, белградските и локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ победи на изборите во Србија

Видео: Твитер/Странка слободе и правде/Борко Стефановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Давитковски и Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции во Скопски пазар

Редакција

Антикорупциска вработува 13 службеници

Редакција

Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести, велат од МОН

Редакција