еМагазин
БЕСПАРИЦА

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на министерството за правда, Владата на 90. седница ги  прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат. Главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

„Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Со предлог – законот за изменување и дополнување на законот за извршување, воедно се имплементираат стратешките приоритети на државата определени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено во правец на намалување на трошоците за граѓаните во сите постапки, вклучувајќи ја и прекршочната“, информираат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за намалување на трошоците кај нотарите и извршителите и што ќе биде бесплатно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдесет отсто од адвокатите обезбедиле бесплатна правна помош за сиромашните

Редакција

Владата до 31 мај ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи

Редакција

Засега, нема да има поизразено покачување на каматите, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција