еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека на референдумот за името на 30 септември одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат и дека огромното видливо мнозинство на референдумот ќе ги даде насоките на пратениците.

-Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, она што е нивна определба, е правец по кој ќе се движат политичките состојби во Македонија. Нашите одлуки се безвредни ако граѓаните не ги поддржат и гласаат, тие го имаат последниот збор – одговори Заев на новинарско прашање дали референдумот ќе биде успешен, на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за правда Рената Дескоска.

Тој го повтори ставот дека референдумот за името како идеја потекнува од ВМРО-ДПМНЕ уште пред 12 години.

– Јас ќе излезам на 30 септември и ќе гласам „за“. Треба и другите политички лидери да ги кажат своите ставови затоа што водиме политички субјекти, наша одговорност е да носиме одлуки и да им ги соопштуваме на граѓаните. Ако мнозинството од гласови на референдумот се „против“ тогаш ние ќе го поништиме Договорот со Грција, но ако мнозинството се „за“ тогаш ние треба и ќе ја следиме насоката која граѓаните ни ја даваат – рече Заев.

МИА/Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Левица“ до Собранието го поднесе барањето за покренување референдум

Редакција

Владата ја разреши директорката на ДСЗИ, Бухова, на нејзино место доаѓа Рената Младеновска

Редакција

Официјален Париз: Следните денови ќе бидат одлучувачки за отворање на преговорите со Македонија

Редакција