еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Детали за намалување на трошоците кај нотарите и извршителите и што ќе биде бесплатно

Со новите предлог решенија на законите за нотаријат и извршување трошоците за нотарските и услугите на извршителите се намалуваат за 50% до 90 %, а 16 ставки за кои порано постоеја трошоци, со новите тарифи за нотарски и извршителски услуги ќе бидат целосно бесплатни.

Главна цел на измените на законите е намалување на трошоците во постапките пред нотарите и извршителите и тоа на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

Намалувања на трошоците за граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе има и во постапките пред нотарите и во постапките пред извршителите.

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност, а нотарската награда ќе биде 10% од главниот долг, но не повеќе од 500 денари.

Тоа значи ако долгот е 1.000 денари, надоместокот за нотар ќе биде 100 денари. Ако долгот е 10.000 денари, надоместокот нема да биде 1.000 денари, туку 500 денари.

Исто така за сметки за вода, смет, телефон и одржување на заеднички простории во висина до 6.000 денари нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и парно до 15.000 денари. Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата кои имаат неплатени сметки до одреден износ.

Во постапката пред извршител, исто така има големо намалување на трошоците. 16 ставки за кои порано постоеја трошоци, со новата тарифа ќе бидат целосно бесплатни. Некои ставки се намалени до 50%, некои дури и повеќе од 50%.

На пример, налогот за извршување на трансакциска сметка на физичко лице кое порано чинеше 20 евра, со новиот тарифник ќе биде 2 евра за долгови до 1.000 евра и ќе се движи до 6 евра за највисоките долгови.

Наградите на извршителите се исто така намалени, со тоа што се става ограничување дека при извршување на платни налози за комунални трошоци, наградата не може да биде повеќе од 20% од висина на главниот долг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 590 случаи на Ковид-19, починати две лица

Редакција

По кратко боледување почина невропсихијатарот Методи Чепреганов

Редакција

Креаторот на vaksajns.mk повикан на информативен разговор во полиција

Редакција