еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, на негово место назначена Наталија Митовска

Од Град Скопје информираат дека денеска е разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров

За нов секретар е назначена Наталија Митовска.

Митовска била носител на високи раководни функции во Владата на Македонија.

Од 1998 година работела како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник министер за внатрешни работи, задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.

-Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година во период кога претпријатието ги бележеше најдобрите економски и оперативни резултати, има искуство во приватниот сектор со високи извршни позиции, како и работа како асистент професор по политички науки.

На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата “За модерно Скопје“, велат од таму.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлагањето на преговорите може да има последици и врз безбедносната ситуација, рече Османи пред европратениците во Брисел

Редакција

Македонијатурист со драстичен раст на добивката

Редакција

„Фершпед“ се подготвува за стекнување удели во други компании

Редакција