еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Патот на Галичица е затворен, луѓето не почитуваат, заглавуваат со возила и им создаваат проблеми на спасувачите

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека две лица заглавиле со автомобил на Галичица во близина на црквата Св.Наум на патниот правец кој е забранет за сообраќај.

Истите се лоцирани и спасени. Спасителната акција е завршена во 14:15 часот.

Инаку, патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица е затворен од 15. ноември. Спасувачите постојано апелираат на совесноста на луѓето да не го користат овој пат.

Фото: Спасителна служба Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Цаноски: Кристијано Роналдо ќе дојде во Македонија

Редакција

Фејсбук постапил незаконски при обработката на личните податоци на корисниците, пресуди холандски суд

Редакција

Бугарската „Каучук“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на транспортни ленти за РЕК Битола вреден 2,3 милиони евра

Редакција