Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Холандија, денеска пресуди по тужбата против Израел од страна на Јужноафриканската Република, која ја тужеше земјата за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.
Судот пресуди дека Израел мора да се погрижи неговите сили да не вршат геноцид и мора да преземе мерки за подобрување на хуманитарната ситуација.
Израел исто така мора да обезбеди да се зачуваат доказите за наводниот геноцид, а Судот нагласи дека одлуката спаѓа во меѓународните обврски на Израел.
Израел мора и да поднесе извештај до Судот во рок од еден месец за тоа што прави за да ја поддржи наредбата.
Судот ги призна правата на Палестинците во Газа да бидат заштитени од геноцид, а исто така посочи дека Палестинците потпаѓаат под заштита на Конвенцијата за спречување на геноцид и наведе дека гледа ризици од влошување на ситуацијата во Газа.
Судот најави дека нема да го отфрли случајот против Израел и дека има овластување да донесе итни мерки во случај на геноцид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тужен за геноцид: Денеска во Хаг почнува процес против Израел, по тужба од Јужна Африка
Фото: Унсплеш