„Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе Експрес маркет“ во скопската oпштина Аеродром, поточно во населбата Мичурин близу ООУ “Блаже Конески”, информираат од таму.
Во новоотворениот и модерно дизајниран маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, леб и пекарски производи, како и повеќе од 2.000 други производи.
Промоциите, продажните акции, подароци и гратис производи го одбележија отвoрањето на новиот Рамстор Експрес маркет кои ќе траат до 4. февруари, а покрај големите попусти потрошувачите можат да ги искористат и дополнителните бенефиции при пазарувањето со Рамстор клуб картичката.
-Во „Рамстор Експрес“ ветуваме брзо пазарување, позитивно шопинг искуство и големо портфолио на производи со висок квалитет и одличен избор, велат од таму.
Од „Рамстор“ најавуваат продолжување на инвестицискиот пораст и развој во земјава, преку нови активности и отворање нови маркети.